Хаос во срцето на ЕУ после победата на Мароко – превртени автомобили, пожари... (ВИДЕО)

Вистински хаос со превртени и демолирани автомобили, пожари на секое ќоше се случува во Брисел, срцето на Европската унија, после поразот на Белгија со 0-2 и новата сензација на СП во Катар со победата на Мароко.

Мароканци во Брисел претераа со славјето, па излезе сѐ од контрола, за хулиганите да направат ршум низ престолнината на ЕУ, демолираа и метро станици, палеа контејнери.... Полицијата со водени топови мораше да ја растера топлпата, а градоначалникот веднаш се јави и им порача на дивјаците да не помислат да дојдат кон центарот на градот.

„Го осудувам ова насилство и овие срамни сцени. Полицијата веќе реагираше безмилосно, а на навивачите им порачувам – не доаѓајте кон центарот. Полицијата ќе направи сѐ за да го врати јавниот ред и мир“, рече градоналчалникот на Брисел.