Хаос во Бразил поради „десетката“: Анчелоти го понижи Нејмар пред СП
„Десетката“ во иднина ќе ја носи ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, додека Нејмар на Светското првенство (СП) ќе настапи со бројот 13.
Оваа вест предизвика револт кај навивачите на Бразил, кои едвај чекаа враќање на Нејмар во репрезентацијата, а сега сметаат дека Анчелоти го понижил бразилскиот фудбалер со оваа одлука.
Нејмар во меѓувреме се повреди, а тоа е дополнителен проблем за Анчелоти, иако прогнозите се дека ќе се врати на терен до почетокот на Мундијалот.