Хаос во Бело Хоризонте: Крузеиро испадна во Серија Б првпат во историјата (ВИДЕО)

Крузеиро со поразот од 2-0 пред своите гледачи од Палмеираш испадна од бразилската Прва лига за прв пат во својата богата историја.

Навивачите беа исклучително незадоволни поради испаѓањето во Серија Б, па почнаа со нереди уште на стадионот, каде искршија илјадници столчиња и фрлаа со тврди предмети кон фудбалерите.

Нередите продолжија низ улиците на Бело Хоризонте, по што мораше да интервенира и полицијата.

Крузеиро ја заврши сезоната на 17-тото место на табелата и е еден од четирите клубови кои одат во понизок ранг. Тимот од Бело Хоризонте сезоната ја заврши со пет порази во серија.