Хакер откри голем скандал во Португалија: Бенфика со проститутки ги купувала судиите!?

Голем скандал ја потресе Португалија и тоа благодарение на најпознатиот хакер во оваа земја, Руи Пинто, кој открил транскрипти од разговори на поранешниот претседател на Бенфика, Пауло Гонсалвеш и делегатот на Суперлигата, Нуњо Кабрал во кој судиите за мечевите на „орлите“ се купуваат со – проститутки.

Како што објави хакерот, Гонсалвеш ги купувал судиите и делегатите на мечевите на најпопуларниот клуб во Португалија со проститутки и тоа за обичните мечеви плаќал по 200 евра, додека за дербијата и до 2.000 евра за ескорт дами, а плус на Кабрал и на неговите пријатели им осигурувал ВИП влезници за мечевите на Бенфика.

Гонсалбеш и Кабрал за да се осигураат дека нема да бидат пронајдени, користеле лажни имиња и шифри, но хакерот успеал да им ја пробие целата шема околу купувањето на судиите. Најскапи биле дамите на ноќта за мечевите со Порто и Спортинг Лисабон, додека обичните мечеви биле евтини, па на тој начин Бенфика се осигурала дека секогаш ќе има „ветер в грб“, ако биде густо во трката за победата и за шампионската круна.

Лисабонскиот клуб е учесник во ЛШ сезонава и завчера на првиот сезонски меч во елитата загуби со 0-2 од германскиот великан Баерн Минхен. Инаку Бенфика се наоѓа во голем проблем затоа што и јавното обвинителство има покренато истрага за финансиски малверзации, но и местенки во изминатите години.