Хаџиевски по само три месеци се раздели со Хата!

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски по само три месеци си замина од кормилото на Хата од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Хата пред два дена славеше против Гулф Херои, по што соопшти дека Хаџиевски си заминува од тимот по само три месеци, откако претходно седна на тренерското столче во јули, а засега не е позната причината за нивната разделба.

Хаџиевски во текот на кариерата ги предводеше Вардар, Пелистер, ЦСКА Софија, Силекс, Баку, како и голем број други тимови.