Хаџиевски го внесе Емирати во елитната лига на ОАЕ!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Ѓоко Хаџиевски, оствари голем успех, откако својот тим Емирати го внесе во елитната конкуренција во Обединетите Арапски Емирати.

Составот предводен од нашиот искусен стратег вчера го победи Масафи (6-0), со што на едно коло до крајот на сезоната обезбеди недостижна предност пред најголемиот конкурент и како втор на табелата дојде до промоција во највисокиот ранг. Емирати пред последното коло имаат три бода предност и плус 15 голови во однос на Ал Батаех, но и подобар резултат во меѓусебните дуели.

Покрај Хаџиевски, во стручниот штаб во овој тим од ОАЕ работат уште и Никола Аврамовски, Филип Деспотовски и Филип Маџовски и тоа како негови помошници.