Хаџи Јуниор по стапките на неговиот татко: Мајсторски гол од корнер (ВИДЕО)

Георге Хаџи беше еден од најдобрите фудбалери во светот во деведесетите години од минатиот век, а неговиот син Јанис веќе чекори по истите стапки. 

19-годишниот Романец постигна фантастичен гол за младата репрезентација против Босна и Херцеговина и тоа директно од корнер за да ги постави конечните 2-0.