Грузиски репрезентативец му го спаси животот на колегата од Швајцарија (ВИДЕО)

Швајцарскиот дефанзивец Фабијан Шар беше нокаутиран во квалификацискиот меч против Грузија, по дуелот со Џамал Табиѕе.

Шар падна во несвест по дуелот, а противничкиот фудбалер Јано Ананиѕе веднаш притрча да помогне и му го извади јазикот.

Дефанзивецот добиваше медицинска помош околу четири минути на теренот, а многумина помислија дека нема да може да продолжи, но Шар стана како ништо да не било.

Тој кажа за швајцарските медиуми дека ништо не се сеќава од инцидентот.

„Ужасно е. Не можам да се сетам на ништо. Бев во несвест неколку секунди. Имав болка во главата и вратот, но вредеше“, кажа Шар.