Гол-шоу во Амстердам: Холандија се врати во мечот по негатива од 0-2! (ВИДЕО)

Во средбата од второто коло во квалификациите за Евро 2020, Германија имаше водство од 2-0 против Холандија по првите 45 минути, но во второто полувреме домаќините се вратија во игра.

Првиот гол за Германија го постигна Лирој Сане во 15. минута, а Серж Гнабри со прекрасен удар погоди за 2-0. Сепак, во вторите 45 минути, Матијас де Лихт намали на 1-2, а во 63. минута Мемфис Депај погоди за 2-2.