Го фатија како јаде ќебап во пет наутро, па доби урнебесна понуда ако донесе титула!

Холандскиот голман во полски Лех Познањ, Мики Ван дер Харт се најде во центар на вниманието, откако полски папараци го фатиле во пет наутро како јаде ќебап, па тоа предизвика бурни реакции кај навивачите, но и раководството на клубот.

Холанѓанецот наместо да мисли на фудбал, се забавува до раните утрински часови, а патем јаде и „забранета храна“, па сето тоа се одразило на неговиот настап во првиот следен меч, кога примил три гола во мрежата.

„Па што да правам. Ми дојде братот на гости, го немав видено повеќе од два месеци. Го шетавме градот, па бевме гладни и решивме нешто да каснеме. Некој сликал и тоа е тоа – ништо посебно“, рекол Ван дер Харт.

И после „инцидентот“, ресторанот каде јадел Холанѓанецот му дал неверојатна понуда на голманот. Добива секој ден по еден кебап, ако во Познањ дојде шампионскиот пехар. Лех моментно е петти со 18 бода, шест помалку од лидерот Погон.