Ѓоковиќ на емотивен начин се збогуваше со легендарниот Марадона (ФОТО)

Легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона почина вчера во својот дом во Аргентина од срецев удар, а веста за неговата смрт ја потресе целата планета.

Од Марадона се збогуваа многу познати личности, а еден од нив е и најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави заедничка фотографија, која беше направена во Дубаи, каде што се запознаа.