Ги погоди претходните шампиони на СП, а сега даде прогноза за Мундијалот во Катар

Јоаким Клемен се прослави со неговите прогнози на претходните две Светски првенства (СП), каде што ги погоди шампионите, а сега даде прогноза за Мундијалот во Катар.

Клемен кажа дека во 2014 година ќе триумфира Германија, а потоа се обложи на Франција и повторно беше во право, а за следниот Мундијал смета дека светски првак ќе биде Аргентина.

Прогнозерот очекува во финалето да играат Аргентина и Англија, па останува да видиме дали и овој пат ќе биде во право или конечно ќе згреши.