Ги однесе Малави на Купот на нации, па доби – повисок чин во војска

Херојот на Малави, Ричард Мбулу, кој ја однесе оваа африканска селекција на континенталниот шампионат Купот на нациите доби необична награда во својата земја и тоа од војската.

Мвалу доби повисок чин во војската на својата земја, поради своите настапи за националниот тим, па така од чин каплар сега стана наредник во својата војска, после херојскиот настап со фудбалската репрезентација.

Тој беше стрелец на најважните голови за Малави со кои оваа земја обезбеди учество на Купот на нации во јануари идната година во Камерун, а инаку игра за јужноафриканскиот тим Барока.