„Германците ни се внесоа в лице, така не се слави победа!“

Шведскиот селектор Јане Андерсон покажа дека неговата крв како просечната скандинавска, студена, па имаше остри реакции покрај аут-линијата во текот на целиот натпревар со Германија. Примениот гол во 95. минута го дотолчи, па реагираше на прес-конференцијата.

Ајде што примија гол за пораз, туку му пречело како Германците го прославија спектакуларниот погодок на Тони Крос.

„Ни се внесоа в лице кога го прославуваа голот и тоа навистина ме разлути. Жал ми е, се боревме 90 минути и на крај заслуживме убаво да нè поздрават и да пружиме рака. А вака навистина сум лут за нивната реакција“, вели Андерсон.

За натпреварот, немаше што и кому да замери, но призна дека му е најтешкиот пораз во кариерата.

„Нашиот голман имаше доста одбрани, но се чувствувам несреќно, бидејќи не освоивме макар еден бод. Но, не обвинува никого и не мислам дека има нешто лошо во тактичките одлуки. Ова ми е, веројатно, најтешкиот крај на некој меч од кариерата, но уште ништо не е готово, уште имаме шанси“, додаде Шведскиот селектор.

Сега Шведска ќе мора да го победи Мексико и тоа со што е можно повисока разлика, за да излезе, барем, втора во кругот меѓу неа, Мексико и Германија.