Фудбалер на Рапид го има промашувањето на векот – ова е потешко да се утне (ВИДЕО)

Фудбалерот на Рапид, Клаудиу Петрила, стана главна тема во Романија по неверојатниот промашaj на дуелот со Ботошани, ситуација која веднаш стана вирална на социјалните мрежи.

Тој во 20. минута пропушти идеална шанса пред празен гол и спречи својата екипа да го отвори резултатот. Акцијата започна на половината на Рапид, кога прецизна топка стигна до Добре, кој излезе сам пред голманот Анестис. Наместо да шутира, Добре реши да му асистира на Петрила и испрати додавање низ двојца дефанзивци директно пред голот. Топката совршено пристигна до напаѓачот, пред кого стоеше само празната мрежа широка седум метри, додека голманот беше далеку од својата позиција. Наместо сигурен гол, Романецот шутираше покрај блиската статива и го промаши зицерот што личеше на невозможна задача за утка.

„Промашување на векот за Петрила“, извика коментаторот во директниот пренос, пренесуваат романските медиуми.

Петрила сезонава има три гола на 16 натпревари, но овој момент, без сомнение, ќе биде запаметен многу повеќе од било кој негов погодок.