Фудбалер на Фламенго направил сообраќајна несреќа со смртни последици

Млад фудбалер на Фламенго, Рамон Рамос Лима синоќа во Рио со својот автомобил прегазил велосипедист, јавуваат бразилските медиуми. 

Левиот бек, кој има само 20 години, го удрил велосипедистот, кој пак работел како разнесувач на храна. По инцидентот Лима веднаш повикал брза помош, но 30-годишниот човек починал на пат кон болницата по заработените повреди од несреќата.

Засега не е јасно што точно се случило, но од таборот на фудбалскиот клуб Фламенго соопштија дека Лима е примерен фудбалер, кој никогаш не правел проблеми. Полицијата работи на расветлување на случајот, а фудбалерот веднаш бил во станица за да објасни што точно се случило при несреќата.