ФИФА со релативно благо соопштение ја осуди Суперлигата

Светската куќа на фудбалот, ФИФА утринава објави соопштение по повод формирањето на Европската Суперлига од 12 клубови. 

Организацијата на чие чело е Џани Инфантино го осуди формирањето на ова натпреварување, но соопштението беше доста благо во однос на она што го објави УЕФА. Европската куќа на фудбалот веднаш се закани со исфрлање на тимовите од домашните првенства, европските купови и суспензија на сите играчи од овие клубови на репрезентативно ниво.

„Според нашито поглед и нашите принципи и статути, било кое фудбалско натпреварување, дали тоа било национално, регионално или глобално, секогаш мора да се темели на главните принципи на солидарност, вклученост, интегритет и еднаква финансиски дистрибуција. Главните фудбалски тела треба да имплементираат законски, дипломатски и спортски мерки да се задржи сето ова. Против оваа позадина, ФИФА може само да каже дека не ја одобрува оваа 'затворена европска лига“ надвор од структурите на  интернационалниот фудбал, која не ги почитува споменатите принципи“, стои во дел од соопштението на ФИФА.

Од светската куќа на фудбалот побараа да се смират страстите и сите страни со „ладни глави“ да седнат на преговарачка маса и имаат конструктивен дијалог во духот на играт и фер-плејот.