ФИФА со построги санкции против расизмот – од мечеви без публика до исфрлања во низок ранг!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) најави многу построги санкции во борбата против расизмот, па од понеделник (15 јули) на сила стапуваат новите дисциплински мерки со кои жестоко ќе бидат казнувани сите расистички испади и сите видови на дискриминација во фудбалот.

После деценија ипол без промени во дисциплинскиот правилник, новата верзија стапува на сила откако биле усогласени точките и намалени членовите во правилникот од 147 на 72 после разговорите со шесте конфедерации и другите клучни комисии во фудбалот. Промените доаѓаат поради низата големи расистички испади во последно време, како во националните првенства, така и на големите натпреварувања.

Во договор со ФАРЕ, начелото „нулта толеранција“ сега треба да добие вистинска смисла, па најавите на Џани Инфантино дека за дискриминацијата нема место во фудбалот сега се остваруваат. На листата на казни сега се мерки како мечеви без публика, играње на неутрален терен, одземање на бодови, исфрлање во понизок ранг, исфрлање од турнири или идни натпреварувања, како и повторување на мечеви

Минималната казна за фудбалери и фудбалски работници сега се зголемува од пет на десет меча суспензија, а сега фудбалерите жртви на расизмот ќе може да дадат изјави и да учествуваат во процесот.

Интересно ажуриран е и списокот на облици на дискриминација во кои влегуваат не само расизмот (дискриминација по бока на кожа и раса), туку и дискриминација по етничка, национална или општествена припадност, дискриминација по пол, инвалидитет, сексуална ориентација, јазик, вера, политичко мислење, богатство... Новиот правилник вклучува и можност за изрекување на забрана за трансфери за клубовите кои не исполнуваат обврски кои се обработуваат од ФИФА и Арбитражниот суд во Лозана.

„Општо правило е дека мечот автоматски се смета за загубен, ако судијата го прекинал мечот откако ги применил трите чекори за дискриминациски инциденти. Првиот прекршок е ограничување на број на гледачи и казна од 20.000 швајцарски франци...Дисциплинската комисија може да и допушти на жртвата да учествува во постапката. ФИФА нема да ја изневери секоја жртва на расистички навреди“, се дел од членовите на новиот подобрен дисциплински правилник.