ФИФА се договори со клубовите и ФИФПро: Платите ќе се скратат за – 50 отсто!

Коронавирусот кој жестоко удри по светот од корен го смени фудбалот, па Светската фудбалска федерација (ФИФА) по тричасовниот состанок со клубовите (ЕКА) и со фудбалерите (ФИФПро) договори промена на статусот на фудбалери и трансфери, како и начинот на кој играчите ќе се плаќаат во оваа криза.

Според информациите на светските медиуми, во исчекување на официјална потврда од Цирих, ФИФА, ЕКА и ФИФПро се согласиле да се намалат платите за 50 отсто на сите играчи во сите клубови додека трае кризата, како една од мерките за да не се доведе во прашање ликвидноста на клубовите и тие да се најдат на раб на банкрот, во период кога ни тие немаат никакви приходи, зашто Ковид-19 ги запре сите активности.

Премиерлигашите веќе најавија дека ќе има сериозно кратење за половина плата во ек на кризата, а сега е постигнат договор на светско ниво. Но, од друга страна, фудбалерите поради продолжувањето на сезоната, за која е нејасно кога ќе се рестартира (сега 1 јуни е оптимистичкиот датум), ќе донесе автоматско продолжување на договорите на играчи, чија соработка истекуваше до 30 јуни.

Сега, ФИФА ќе интервенира во статусот на играчи и трансфери со одлука дека додека не заврши актуелната сезона, дотогаш секој фудбалер ќе биде под договор, без оглед што според постоечкиот договор соработката му истекува најдоцна на 30 јуни годинава.

Исто така, сите трансфери што клубовите ги договориле зимоска и тоа начесто за фудбалери што треба да дојдат летово, трансферите ќе се остварат од моментот кога ќе заврши сезоната и практично кога ќе стартува официјално новиот преоден рок. Ова значи дека се пролонгира преодниот рок, а веќе има најави дека истиот зашто ќе влезе во друг термин практично ќе биде пролонгиран и споен со зимскиот преоден рок предвиден да заврши на 31 јануари идната година.