ФИФА отвори истрага против Србија поради контроверзно знаме со Косово (ФОТО)

Медиумите од регионот пишуваат дека Светската фудбалска федерација (ФИФА) отворила истрага против Фудбалскиот сојуз на Србија поради знаме кое се појави во соблекувалното на српската репрезентација.

На знамето пишуваше „Нема предавање“ и територијата на Косово беше обоена во боите на Србија, а оваа слика ја објави министерот за култура во Косово, Хајрул Чеку кој побара реакција од ФИФА.

„Дисциплинската комисија на ФИФА отвори истрага против Фудбалскиот сојуз на Србија поради знаме кое беше сликано во нивната соблекувална на мечот со Бразил“, соопштија од ФИФА.