ФИФА ќе бара друга локација: Јапонија ја откажа организацијата за клупското СП

Светското клупско првенство, кое традиционално се игра во декември, годинава нема да се игра во Јапонија, иако претходно земјата на изгрејсонцето беше одредена за домаќин, откако Јапонците се откажаа од оваа организација.

ФИФА сега ќе мора да бара друга локација за организација на клупскиот Мундијал кој треба да се игра од 9 до 19 декември, откако Јапонија на известила светската централа дека поради зголемениот број на заразени од ковид-19 не е во можност да го организира турнирот.

„Не можеме да процениме каква ќе биде состојбата во декември. Плус, најверојатно нема да има гледачи, така да заклучивме дека организацијата на ваков турнир би бил претежок“, рекле од јапонската федерација.

На ова клупско СП треба да играат Челси, афиканскиот првак Ал Ахли, првакот на Океанија, оукленд сити, како и континенталните прваци на Јужна Америка, Северна и Средна Америка и Азија, плус еден клуб од земјата домаќин.

Последен првак е Баерн Минхен кој славеше во февруари годинава против мексикански Тигрес со 1-0 со голот на Бенжамин Павар.