Енрике на оригинален начин го објави списокот со репрезентативци (ВИДЕО)

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, за дуелот против Хрватска во Лигата на нации и пријателскиот меч против Босна и Херцеговина го објави списокот со повикани фудбалери.

Енрике нема да смета на Пако Алкасер од Борусија Дортмунд и Диего Коста од Атлетико Мадрид, а во тимот го врати Жорди Алба на местото на Маркос Алонсо.

Соопштувањето на списокот со репрезентативци Енрике го направи на навистина генијален начин и ги воодушеви навивачите.


Повикани во репрезентацијата се: Де Хеа, Аризабалага, Лопез – Ото, Аспиликуета, Љоренте, Рамос, Мартинез, Алба, Луис Гаја, Роберто – Себалјос, Мендез, Ернандез, Бускетс, Форналс Нуњез, Фенандез, Морено – Аспас, Асенсио, Мората, Аларкон.

Инаку, Шпанија гостува во Хрватска на 15. ноември, а три дена подоцна ја пречекува селекцијата на БиХ.