Енрике: Базата на репрезентацијата на Шпанија доаѓа од Реал

Луис Енрике, селекторот на репрезентацијата на Шпанија, изјави дека базата на овој тим ја сочинуваат фудбалери на Реал Мадрид и дека тоа му изгледа сосема добро.

„Барам некој баланс. Не знаев дека шестмина играчи од стартната постава се фудбалери на Реал, ниту ме интересира. Тие играат за националниот тим и тоа е тоа. Не играат за еден или друг тим. Нашата база доаѓа од Реал Мадрид и тоа ми изгледа добро“, изјави Енрике.

Фуријата вчеравечер го совлада светскиот вицешампион со 6-0.

„Игравме против Хрватска, тим кој добро ја притиска последната линија, тешко ни беше на почетокот, но по 20 минути сѐ се смени. Немам што да му замерам на никого. Ми се допадна она што го видов на теренот“, изјави поранешниот тренер на Барселона.

Шпанија одлично ја започна Лигата на нации, бидејќи во првите две кола ја совлада Англија, а потоа и Хрватска.