Еквадорец ужива на СП во Катар, ама кога ќе си дојде дома – го чека војна со сопругата!

Еквадорец кој е меѓу неколкуте илјади сонародници кои дојдоа во Катар на Светското првенство стана вистински хит со еден транспарент, кој најавува „војна“ со сопругата откако ќе се врати од уживањето на фудбалскиот фестивал.

Еквадорецот на последниот меч со Холандија во ремито 1-1 со кој Еквадор направи нов чекор поблизу до осминафиналето, со порака ѝ објави на сопругата дека земал кредит за да дојде во Катар, па потоа ќе ги расчистат сметките.

„Љубов, за кредитот ќе ти објаснам дома“, стоеше на транспарентот.

Кога ќе се врати Еквадорецот зависи од пресметката со Сенегал кој ќе решава за осминафиналистот. Еквадор како и Холандија имаат по 4 бода, а Сенегал е на три бода, додека Катар без победа е елиминиран. Еквадор против Сенегал решаваат за осминафинале, зашто незамисливо е дека Холандија нема да го победи домаќинот.