„Експлозија“ на трибините: Голман погоди во судиското продолжение за четвртфинале! (ВИДЕО)

Покрај натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите, синоќа се одиграа и осминафиналните реванш натпревари во КОНКАКАФ (Северна, Централна Америка и Карибите).

Најинтересно беше во Мексико, каде Тигрес ја пречека салвадорска Алианца на својот стадион „Университарио“, а по првиот меч беше 2-1 за гостите.

Мексиканскиот тим одличен го стартуваше натпреварот и за само 23 минути имаа предност од 3-0 со головите на Енер Валенсија и Жињак. Сепак Алианца намали на 3-2 преку Портиљо, а долго време домаќинот се обидуваше да дојде до четвртиот гол вреден пласман во четвртфиналето.

Токму тоа се случи во последната минута од судиското продолжени, а стрелец на погодокот беше голманот на домаќините Науел Гузман. Варгас ја нафрли топката во шеснаесетникот по слободен удар од десната страна, а најприсебен беше Гузман кој умешно ја смести во противничката мрежа за конечни 4-2 и ерупција на задоволство на трибините.