Светските првенства не би биле исти без убавите девојки на трибините. Секогаш се појавуваат галерии со секси-навивачки, а вчера имаше што да понуди хрватскиот табор.

Низ медиумите во Европа и во светот кружеа фотографии од една убава, црнокоса Хрватка која ги красеше трибините во Калининград, а на Балканов веднаш се откри нејзиниот идентитет.

Станува збор за Ивана Кнол, Мис на Хрватска од 2016 година. Таа била родена во Германија, но дошла во Загреб да студира графички факултет, а потоа почнала да работи како модел. Во 2016 година се пријавила и го добила признанието за најубава жена во Хрватска.

Откако падна во око на камерите во Русија, сигурно ќе ја гледаме и понатаму, за дуелите со Аргентина и со Исланд.