Едерсон си го исполни сонот – играше со десетка и дриблаше како луд (ВИДЕО)

Бразилскиот голман на Манчестер сити, Едерсон си го исполни сонот да заигра нормален фудбал, па со десетката на грбот учестуваше на хуманитарен и ревијален меч, за да ги покаже бразилските вештини, иако станува збор за чувар на мрежата.

Бразилецот и во Сити сака да игра фудбал, многу често знае да се занесе, а дури и го молел Пеп Гвардиола за да му дозволи да шутира пенали. И на хуманиратниот меч, Едерсон покажа дека е мајстор, дриблаше како луд, даде и неколку голови.

Ако ништо друго, барем си го исполни сонот.