Ѕвездата на Тотнем откри како е да се гостува во Северна Кореја: Добро е што сме живи!

После 29 години, Северна и Јужна Кореја одиграа фудбалски меч, кој во Пјонгјанг се одигра без публика, без ТВ-пренос и – без голови. Пресметката на двете завојувани Кореи остана мистерија за јавноста, ама фудбалерите од Јужна Кореја открија каков пекол имале во Северна.

Првата ѕвезда Сон, фудбалерот на Тотнем по враќањето во Сеул посочил дека најважно е што останале живи. На Јужнокорејците пред влезот на стадионот им биле одземени мобилните телефони, а имало и тепачка помеѓу двете селекции во подтрибинскиот простор, што ја видел шведскиот амбасадор во Пјонгјанг.

„Најважно е што останавме живи! Никој не е повреден. Никогаш не сум играл ваков меч. Никој нема на стадион, нè удираа, нè пцуеа, нè плукаа. Добив неколку удари во лице. Таму фудбалот не беше во прв план. Тие (Северна Кореја – н.з.) мислеа дека ова е војна“, вели Сон.

Селекторот на Јужна Кореја, Португалецот Пинто посочи дека е крајно незадоволен од гостувањето.

„Имаше премногу тензија, но ние се држевме до договорот. Не дадовме гол на време и после домаќинот со помош на судиите крадеше време. Практично фудбал во второто полувреме не се ни играше“, рече Пинто.