Ѕвездата е родена: Постигна гол на 15 години и стана најмладиот стрелец во историјата (ВИДЕО)

Петнаесет годишниот Емре Демир е ново фудбалско чудо. Тој дебитираше за сениорскиот тим на Кајзериспорт во второто полувреме и успеа да постигне гол иако е роден на 15 јануари 2004 година.

Со ова тој стана најмладиот фудбалер кој успеал да се запише во листата на стрелци кога се во прашање европските натпреварувања.

Иако турскиот Каисериспор го загуби мечот со 2-1 од Генчербирлиги, сепак доби нова потенцијална ѕвезда.

Рекордот на најмладиот турски стрелец во Суперлигата досега му припаѓаше на Енес Унал, кој постигна гол против Галатасарај на на 25 август 2013 година, во дресот на Бурса на само 16 години.