Ѕвезда на Ајакс го посрамоти противникот – од дриблингот летна со две нозе во воздух (ВИДЕО)

Една од неколкуте големи ѕвезди на холандски Ајакс, Мароканецот Хаким Зијех за кого неколку гиганти сериозно се заинтересирани (се најавува Арсенал како можна дестинација) уште еднаш покажа дека е неверојатен фудбалер, па со дриблинг посрамоти противнички фудбалер кој го чуваше.

Мароко се подготвува за стартот на Африканскиот куп на нации, кој почнува на 21 јуни и играше контролен меч со Замбија, кој го загубија со 2-3, а Зихеј ги даде двата гола за Мароко. Сепак, потегот на денот е дриблингот, по кој го „извади од копачки“ Замбиецот и тој летна со две нозе во воздух. Среќа што ги испружи рацете, инаку така добро ќе треснеше на грб