Дури и судијата заплака по ужасната повреда на фудбалер (ВИДЕО)

Сенегалскиот голман Кадим Ндиаје доживеа страшна повреда во саботата на мечот против Казабланка. Неговиот тим Хороја играше во рамките на африканската ЛШ, а натпреварот го одбележи страшната повреда на Ндиаје кој на две места ја скрши ногата. Главниот судија Бамлак Тесема го прекина натпреварот и кога виде за каква повреда станува збор и самиот почна да плаче.