„Доктор Асприлја“: Го излекував Креспо со секс – после не престана да дава голови!

Легендарниот колумбиски напаѓач Фаустино Асприлја, кој е познат по еден куп лудории кои ја одбележаа неговата кариера, а и сега додека е во пензија, е познат како зависник од секс, па дури и на многу колеги им нудел услуги од проститутки што ги знае за да ги опушти во последниот период.

Асприлја, сега откри дека се претворил во „доктор“, па го лекувал аргентинскиот напаѓач Ернан Креспо и тоа со посебна метода – секс. Креспо имал голем голгетерски пост, па менаџерот на Аргентинецот му се пожалил на Асприлја и овој експресно реагирал.

„Беше очаен, не можеше да даде гол. Еден ден ми се јави неговиот менаџер за да побара помош од мене, да поразговарам со Ернан и некако да му помогнам. Јас веднаш се фатив за работа. Му се јавив на Креспо и прво што го прашав беше: 'колку време не си имал секс?'. Ми кажа дека постот му е шест месеци, па се јавив кај една 'пријателка' од Колумбија. Веднаш ги запознав, излеговме заедно и на крајот се случи неизбежното. После тоа, Креспо не престана да дава голови. Проблемот беше едноставен, му фалеше секс, а тоа му помогна да фати голгетерски ритам“, посочи Асприлја.