Доказ за моќта на Шпанија: Може да сменат и „сто“ тренери, ама играта не се менува (ВИДЕО)

Шпанија и Португалија во пиринејската пресметка на стартот на СП во Русија одиграа волшебен меч со шест бола, по кој двете селекции, фаворити да ја минат групата освоија по еден бод, а овој меч беше деби за новиот селектор Фернандо Иеро.

И ако некој се сомневаше дали Шпанците ќе може да бидат така добри откако го сменија селекторот Хулен Лопетеги на два дена пред мечот, најдобар доказ е нивната игра во завршницата од мечот, кога Португалците цели две минути не ја пипнаа топката.

Очигледно е дека во Шпанија може да се сменат и „сто тренери“, но играта и начинот – никогаш нема да се променат. Не е ни чудо што Шпанците се меѓу петте најголеми фаворити за светската круна.