Доби шанса и донесе победа: Бабунски ја почна новата сезона со – голчиште (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец и член на златната младинска генерација Давид Бабунски ја започна новата сезона во Јапонија на најубав начин, со прекрасен гол од 20-на метри со кој му донесе триумф на својот тим Омија Ардија на гостувањето кај Токушима со 1-0.

Ова е прв меч за Бабунски и прв триумф за Омија во новата сезона по три кола. Во првите две кола, Бабунски беше само резерва и не доби шанса, а Омија ремизираше и загуби во првите две кола.