Дебрецин испадна на најтрагичниот начин – милиметри го делеа да остане во елитата (ВИДЕО)

Седумкратниот унгарски шампион, екипата на Дебрецен вчера испадна од првата лига. Тоа воедно беше многу тежок ден за сите навивачи на славниот унгарски клуб кој испаднаа од лигата за прв пат по 27 последователни сезони во унгарската Премиер лига.

За трагедијата да виде уште поголема, Дебрецен испадна затоа што одигра само 1-1 против директниот ривал за опстанок на домашен терен, екипата на Пакш, а во последните секунди играчите на Дебрецин ги делеа милиметри од обезбедување на место во елитата и наредната сезона.

После еден удар во 92. минута, топката удри во гредата и падна точно на линијата гол-линијата и се врати во игра.