Деби со асистенција за победа на Боби Николов за Видеотон

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов, кој зимава замина од Вардар во унгарски Видеотон не можеше да посака поубаво деби, откако денеска асистираше на својот прв официјален меч за триумф на неговиот тим против Вашаш со 2-1.

Николов му асистираше на Стефан Шќеповиќ за вториот гол со кој Видотон ја запиша првата пролетна победа во оваа сезона за да остане во трка со Ференцварош, чиј член е Стефан Спировски за шампионската круна. Николов го одигра целиот мелч, иако како и неговиот колега од репрезентацијата Кире Ристевски во дресот на Видеотон.

Ференцварош го игра во моментов дуелот со Хонвед од ова прво пролетно коло во Унгарија, а во моментов со меч помалку овој тим заедно со Видеотон имаат по 41 бод. Очекувано Спировски е првотимец во таборот на актуелниот лидер.