Де Геа нема одбрането ниту еден шут на Мундијалот

Давид де Геа, голманот на Шпанија, е единствениот голман на Мундијалот кој сѐ уште не успеал да одбрани ниту еден шут на противникот.

Според статистиката на официјалниот сајт на ФИФА, Де Геа е единствениот со ваков учинок од вкупно 33 голмани колку што продефелираа меѓу стативите на своите екипи.

Најдобар голман на турнирот, доколку се суди според одбранетите удари, е Мексиканецот Гиљермо Очоа, со 14 одбранети удари, а зад него е голманот на Данска, Каспер Шмајхел со девет.

Фернандо Муслера (Уругвај) и Даниел Шубашиќ (Хрватска) имаат по шест, тоест пет одбранети удари, но се единствените во таа категорија со стоотстотен учинок, поточно единствено нивните репрезентации немаат примено гол.

Голманот на Манчестер јунајтед, Де Геа, во првиот меч прими дури три гола од Португалија, односно од Кристијано Роналдо, а во второто коло против Иран ја сочува својата мрежа недопрена, бидјеќи еден гол на азиската репрезентација беше поништен поради офсајд.