Данска се врати во игра: Кристенсен ја „закова“ топката во мрежата на Лорис (ВИДЕО)

Репрезентативците на Данска за само седум минути успеа да израмни против Франција, откако во 68. минута дефанзивецот Андреас Кристенсен со глава ја „закова“ топката во мрежата на Уго Лорис.

Лошата интервенција на одбраната на „галските петли“ по корнерот на Кристијан Ериксен ја искористи Кристенсен кој испрати силен удар со глава за да ја врати Данска во игра за победа.