Далиќ: Ајде да не плачеме сега, сите против нас ќе играат со 200 на час!

Хрватска загуби со 1-2 од Унгарија во Будимпешта во вториот квалификациски натпревар од групата Е за Евро 2020.

Хрватска стигна до водство во 13. минута преку Анте Ребиќ, а до крајот на првото полувреме израмни Унгарија на 1-1 преку Адам Салаи, додека конечните 2-1 за домаќините ги постави Мате Паткај во 76. минута, по што селекторот на светскиот вицешампион, Златко Далиќ им честиташе на противниците за победата.

„Прво би им честитал на домаќините за борбеноста, агресивноста и добриот меч. Ние по првиот гол паднавме, не можевме да ги совладаме, па им дозволивме да се вратат во мечот. Имавме инцијатива во второто полувреме, но неавме вистинска идеја. Нема да правиме драма од ова, знаевме дека ќе биде тешко. мора да научиме дека сите против нас ќе играат со 200 на час и мораме да бидеме поагресивни. Нема плачење, главата горе и одиме понатаму“, порача Далиќ.