Даде гол против Македонија, па во Кина со „рабона“ направи чудо! (ВИДЕО)

Израелскиот репрезентативец Еран Захави минатата недела и даде гол на Македонија во квалификациите за Европското првенство, а денеска стана интернет-сензација со неверојатно атрактивен гол за неговиот клуб Гвангжу Евергранде во кинеската Суперлига. 

Напаѓачот погоди во финишот со „рабона“ и веројатно влегува во конкуренција за наградата „Пушкаш“ идната година.