Да се наежи човек: Најлутите ривали во солзи се прегрнаа по смртта на Марадона (ВИДЕО)

По вчерашните вести за смртта на Диего Марадона, спортската јавност и целиот свет е завиен во црно и тагува по фудбалскиот бог.

Во Аргентина се случи нешто невидено, а за тоа „виновен“ е Марадона, кој ги натера дури и најголемите ривали, односно навивачи на Ривер плејт и Бока јуниорс да се прегрнат и заедно да тагуваат по легендарниот фудбалер.