Да се чудиш: Четири таленти во бразилски тим имаат презиме по – аргентинска легенда

Пеле, Гаринча, Зико, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо... Ова се само мал дел од големите бразилски фудбалски великани кои го воодушевуваа светот со своите настапи и милиони Бразилци сонуваат барем приближно да бидат како нив. Арно ама во најфудбалската земја на светот има еден момент кој тешко воопшто е да се објасни, кога четири таленти во гигант како Крузеиро имаат презиме по – аргентинска легенда.

Во екипата до 17 години на Крузеиро има четворица таленти кои носат презиме на Хуан Роман Рикелме. Аргентинската легенда на Бока јуниорс, Барселона и Вилјареал, еден од извонредните плејмејкери во поновата генерација. И сега сите се чудат од каде талентите со презиме на овој фудбалер, зашто Рикелме никогаш и не заиграл за Крузеиро. А, плус е и од Аргентина, вечниот и крвен фудбалски непријател на Бразилците.

Во тимот играат двајца Рикелме (Rikelme и Riquelme), Рикелмо (Riquelmo), Рикелму (Riquelmy).