Чудо во Иран: По 39 години жени гледаа фудбал на стадион!

Не познато дали ова ќе биде изолиран случај или нешто се случило во Иран, ама по 1979 година или речиси по четири децении конечно на жените им беше дозволено да дојдат на стадион и да гледаат фудбал.

Иранките можеа да го гледаат и да навиваат на дуелот на националниот тим во Техеран во пријателскиот меч со Боливија (2-1). Приоритет да бидат на трибините добиле жените, кои се во сродство со фудбалерите, вработените во иранската фудбалска федерација, како и членките на женскиот фудбалски и футсал национален тим.

Досега на жените во Иран им беше забрането да одат на спортски настани, најмалку на фудбал, а неодамна таа пракса беше прекината со можноста да гледаат мечеви во одбојка, а за време на СП во Русија им беше дозволено да влезат на стадионите каде масовно на видео-бимови се следеа мечевите на репрезентацијата.

Засега нема најава дали ова е инцидентна одлука на властите во оваа исламска земја или пак ќе стане редовна пракса.