Чилеански голман удри по Меси: Доста плачеш, две светски титули освоивте со – измама!

Иако поминаа десет дена од полуфиналето на Копа Америка, а речиси една недела откако Бразил се круниса за јужноамерикански првак, не стивнуваат реакциите по бурните и гневни жалби и поплаки од Аргентинците за судењето во пресметката со вечните непријатели „кариоките“.

Најгласен во бурните реакции беше првата ѕвезда на „гаучосите“, Лионел Меси, кој дури ја нападна КОНМЕБОЛ за корупција, дека Бразил мора да стане првак... И брзо го навлече гневот на најголемиот дел од Јужна Америка.

Чилеанскиот голман Џони Ерера сега не остана имун за да му врати на Меси и да му ја објасни „реалната слика“.

„Престани да плачеш. Ваш ред беше сега да изгубите и треба да молчите. Мора да бидете многу безобразен сега да се жалите на судиите. Аргентина во квалификациите за СП во Русија, во 2017 година беше далеку од пласман, а Меси доби четири меча суспензија поради навреди кон арбитрите, кога играа против нас. Сите бевме таму и го видовме тоа. Но, на крајот тие му ја укинаа суспензијата, ја намалија на еден меч, па тој играше против Еквадор, одигра одлично, победија и се пласираа. И сега за што зборува Меси? А второ е што, две светски титули освоија со измама. Првото во 1978 под диктатурата, а второто во 1986 со гол со рака!“, вели Џони Херера.