Чешки навивачи не можеа да влезат на стадион, но направија кореографија за паметење (ФОТО)

Како и насекаде во Европа, така и во Чешка нема ниту еден навивач на трибините по враќањето на фудбалот на терен по паузата од повеќе од два месеци предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Благодарение на своите фанови, Славија Прага сепак имаше посебен впечаток за време на вчерашниот натпревар на домашен терен во првенството на Чешка.

Имено, навивачите ги изненадија играчите со две кореографии на две трибините, поради што беа особено мотивирани, па славеа со 5-0 против Јаблонец.

Со 64 бода Славија е убедливо на првото место на табелата во Чешка и е на чекор до нова титула, која се надева дека ќе ја прослави заедно со своите фанови фанови.