Чави го „нападнаа навивачи, па бегаше: Одам за Барселона, ама не да бидам тренер! (ВИДЕО)

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез се најде во урнебесна позиција, откако навивачи го „нападнаа“ со безброј прашања, па едноставно мораше да избега од сите нив, а во брканицата им одговараше на истите.

Чави уште од лани се поврзуваше со клупата на Барселона, но реши да остане во Катар, а иако Каталонците имаат тренер во Роналд Куман, сепак, неизбежни се прашањата за иднината на легендата.

„Одиш во Барселона?, беше првото прашање

„Да“, одговори Чави

„Да? Ќе ја тренираш Барселона?“, следеше следното.

„Не, не! Не сѐ уште“, рече Чави.

И потоа следеше бегање од сите.