Цареви: Си освоија „титула“ во најаматерска лига, па си славеа на – двокатен автобус (ФОТО)

Тешко дека некој слушнал за ФК Дакпонд, аматерски клуб формиран во 2011 година во Харвич, кој сега стана првак во регионалната лига на Колчестер и со тоа се избори за ранг погоре во аматерските лиги на Островото.

Но, ова не би било интересно, ако фудбалерите решија успехот да си го прослават како најголемите професионални клубови. Ако може Ливерпул да слави со двокатен автобус за трофејот во ЛШ, Челси за пехарот во Лига Европа, а Сити за домашните трофеи, може и Дакпонд.

Аматерите си изнајмија двокатен автобус, па си прошетаа по улиците радувајќи се на успехот. Иако, нормално ама баш никого не го интересираше тоа по улиците.

„Сакавме светот да знае дека победивме“ е реакцијата од Дакпонд.

Фудбалерите направиле тура низ Харвич, а човекот кој го формирал клубот Хамонд (29) потрошил 4.000 фунти за изнајмување на отворениот даблдекер и за маректингот.

„Ние победивме на 15 од 16 меча во неделната лига и сега сме официјално најдобриот тим во Есекс. Грасрут фудбалот умира, многу клубови згаснуваат, но после ваков ден сфаќате дека не е битно нивото на фудбал, туку страста и посветеноста“,вели газдата на клубот.