Бразилските навивачи во паника: Нејмар не се појавил на тренинг

Бразил во понеделникот тренираше без Нејмар, а тоа дополнително ги вознемири навивачите, кои се во страв поради повредата на левото стапало на најскапиот фудбалер во светот.

Врз напаѓачот на ПСЖ беа направени десет прекршоци на мечот против Швајцарија, а тоа беше негов прв официјален натпревар од февруари.

Од Сојузот соопштија дека Нејмар, Паулињо и Тијаго Силва не го одработиле тренингот, туку морале да се видат со физиотерапевт.

„Нема причина за грижа. Тоа е нормална процедура по натпревар“, кажа докторот на екипата Родриго Ласмар.

Врз ниту еден играч во последните 20 години не биле направени толку многу прекршоци како на Нејмар во неделата во Ростов на Дон.

 „Нејмар е добро. Меѓутоа, некогаш противниците прават непотребни прекршоци“, вели Филипе Кутињо.