Бразилците имале ист скаут за Србија и за Хрватска

Четвртфиналните натпревари на Светското првенство започнуваат утре со мечот меѓу Хрватска и Бразил кој се игра од 16 часот.

Бразилците се најголемиот фаворит за освојување на Светското првенство, па доколку утре бидат елиминирани од Хрватска тоа ќе биде големо изненадување.
 
Бразил не остава ништо на случајот, максимално сериозно се подготвува за натпреварот против Хрватите, не дозволува фаворитската улога да ги опушти.
 
Селекторот Тите откри дека човекот кој ја скаутирал Србија, ја проучил и селекцијата на Хрватска.
„Нашиот соработник Рикардо Гомеш ни донесе важни информации. Тој ја скаутираше Србија, а сега ја скаутира и Хрватска. Детално ни ги објасни Хрватите. Имаат одличен индивидуален квалитет, но и технички тимски квалитет. Сепак мојот фокус е на бразилскиот тим. Ние сме подготвени“, изјави Тите.