Бразил им забрани на хулиганите да припарат на Копа Америка

Најфудбалската земја на светот Бразил, после СП во 2014 и ЛОИ во 2016 година, летово ќе биде домаќин и на континенталниот фудбалски фестивал Копа Америка и во пресрет на турнирот министерот за правда Серхио Моро најави – хулигани нема да има на трибините.

Јужна Америка веќе децениски има проблем со хулиганизмот, со уличните банди кои сè главни и на трибините, па хаотичните сцени, неретко и убиствата ја шокирале светската јавност за и после мечевите во земјите од овој континент. Поради лошата традиција, а желбата фудбалот да биде во преден план Бразил забранил хулиганите воопшто да припарат до стадионите.

Веќе е воведена забрана на граничните премини и на аеродромите за влез во државата на секој регистриран „член на насилна навивачга група“, а случајно некој да им се протне, забрана за такво нешто ќе има на стадионите. Бразилците слично на Русија лани, планираат да го организираат годинешното издание на Копа Америка без инциденти.

Забраната ја добиле имиграциските власти и таа ќе трае до 7 јули за кога е закажано финалето на Копа Америка. Турнирот почнува на 14 јуни во Сао Паоло со мечот на домаќинот Бразил и Боливија.